Џиновска ледена санта мраз формирана со отцепување од Антарктикот пред 39 години и некогаш најголема во светот, сега бргу се топи бидејќи океанот се затоплува, велат научниците.

На почетокот на годината овој колос од мраз, наречен A23a, покриваше речиси 4.000 квадратни километри, што е половина од големината на Луксембург.

Но, како што се движеше на север, кон потоплите региони на Јужниот Океан, се откинаа големи парчиња. Неговата големина сега е 1.770 квадратни километри, а ширината достигнува до 60 километри според анализата на АФП на сателитските снимки на европската служба „Коперник“.

„Би рекол дека е навистина на крајот. Водата е премногу топла. Се топи постојано“, изјави Ендру Мејерс, океанолог во Британското антарктичко истражување, за АФП.

„Очекувам тоа да продолжи и тој ќе биде непрепознатлив во рок од неколку недели“, додаде тој.

A23a се одвои од континентот во 1986 година и заринка во морето Ведел, каде што остана повеќе од три децении. Повторно исплови во 2020 година, носена од силната антарктичка циркумполарна океанска струја.

Повторно заринка во март 2025 година, недалеку од јужна Џорџија, британски остров во јужниот Атлантик. Се стравуваше дека го загрозува животот на пингвините и на морските лавови.

Тој го заврши своето патување со тоа што го обиколуваше овој остров и се движеше побргу додека силните бранови и постудените води на овој океан сè уште земаа данок.

Научниците беа изненадени кога видоа дека траеше толку долго. „Повеќето ледени брегови не одат толку далеку“ бидејќи се осудени откога ќе ја напуштат заштитата на антарктичката клима, објасни Мајерс.

Формирањето ледени брегови е природен процес и научниците веруваат дека стапката со која Антарктикот ги произведува е зголемена, веројатно поради климатските промени предизвикани од човекот.

Фото: принтскрин