Facebook повторно има проблеми, а овој пат фокусот е на објавување содржини.
Facebook повторно не работи. Овој пат, корисниците од Македонија, Србија, Хрватска и другите околни земји пријавуваат проблеми со објавувањето содржини.
Како што покажува веб-страницата DownDetector, многу корисници не можат да објавуваат линкови или објавите се појавуваат со задоцнување.
Фејсбук сè уште не коментираше за горенаведените проблеми, кои ги пријавуваат корисниците.
Ситуацијата со објавувањето содржини оттогаш се стабилизираше.
Поврзани артикли