Играта Path of Exile 2 ќе може да се игра бесплатно од 29 август до 1 септември, или од 22 часот овој петок до недела во 22 часот.

Ова ќе се совпадне со лансирањето на новата надградба 0.3.0, наречена The Third Edict, која ја продолжува приказната на играта со четвртиот чин.

Ова поглавје има нелинеарна структура, така што играчите ќе можат слободно да го истражуваат архипелагот Нгамекануи, кој се состои од осум различни острови.

Покрај новото поглавје, ќе има и нови вештини и подобрувања, а ќе бидат направени и голем број промени во содржината за крај на играта (endgame).

Иако претходно беше најавено дека Path of Exile 2 на крајот ќе премине на целосно бесплатен модел, тоа нема да се случи со оваа верзија.

Моментално е планиран само еден бесплатен викенд, затоа искористете го доколку сè уште не сте ја играле играта и сте заинтересирани.