Австралија објави дека ќе го додаде YouTube на листата на социјални мрежи забранети за тинејџери, објави Ројтерс.
Одлуката доаѓа откако истражувањето покажа дека 37 проценти од австралиските деца на возраст од 10 до 15 години пријавиле дека виделе штетна содржина на YouTube.
Се вели дека ова е поголем процент на штетна содржина отколку на која било друга социјална мрежа.
YouTube не е забранет за тинејџери во Австралија, за разлика од апликации како Facebook, Instagram, Snapchat и TikTok. Претставниците на тие компании, според Ројтерс, тврделе дека е неправедно YouTube да биде исклучен од забраната.
Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави дека социјалните медиуми имаат одговорност и дека нема сомнение дека австралиските деца се под негативно влијание на нив.
„Социјалните медиуми им штетат на нашите деца. Сакам австралиските родители да знаат дека ја имаат нашата поддршка“, рече Албанезе.
Според законот за социјални медиуми, усвоен од австралискиот парламент минатиот ноември, компаниите што ги кршат правилата може да се соочат со казни до 49 милиони австралиски долари (околу 28 милиони евра).
YouTube изјави дека ги поддржува напорите на австралиската влада за намалување на штетните влијанија врз децата и дека ќе разгледа кои следни чекори да ги преземе во овој поглед.