Во комбинација со најновиот Galaxy Watch8, уредите Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 дефинираат нов стандард за тоа што значи да си поврзан, заштитен и продуктивен без разлика дали си на работа, на тренинг, во движење или дома.
Телефон што го разбира мултитаскингот
Galaxy Z Fold7 е „таблет во џеб“, благодарение на моќниот Snapdragon 8 Elite for Galaxy чип и 8-инчниот внатрешен екран, што овозможува истовремено користење на повеќе апликации. Без разлика дали си на видео повик, уредуваш фотографии или проверуваш деловни документи, Fold7 го прави сето тоа брзо, мазно и без загревање.
Со камера од 200 MP и софтверот ProVisual Engine, уредот овозможува висококвалитетни фотографии и видеа, додека безбедносните технологии Knox Vault и Knox Matrix се грижат твоите податоци да останат целосно заштитени дури и на јавни Wi-Fi мрежи.
Унапредениот Armor FlexHinge механизам придонесува за подобра издржливост и искуство при отворање и затворање, додека Gorilla Glass Ceramic 2 заштитата и алуминиумската рамка нудат идеален баланс помеѓу естетика и отпорност, токму она што му треба на секој што е во движење.
Флексибилност во џеб – Galaxy Z Flip7
За оние што го ценат компактниот формат и стилот, Galaxy Z Flip7 нуди тенок дизајн од само 7,9 мм (склопен), со нов 4,1-инчен FlexWindow екран кој поддржува 120 Hz и овозможува користење на бројни функции без отворање на телефонот.
Снабден со Exynos 2500 чип и батерија од 4.300 mAh, Flip7 овозможува целодневно користење и одлични перформанси. Главната камера од 50 MP со AI Nightography функција овозможува остри и светли фотографии дури и во услови со слаба осветленост.
Со поддршката за FlexCam режим, корисниците можат лесно да снимаат селфи без раце, само со поставување на телефонот под агол од 90°.
Новата софтверска платформа овозможува интуитивно префрлување помеѓу лични и деловни апликации, а голем дел од функциите сега се достапни директно од надворешниот екран, без потреба да го отвораш телефонот.
Galaxy Z Fold7 и Flip7 и Galaxy Watch8 ве очекуваат!
Најновите Galaxy Z Fold7, Galaxy Z Flip7 и Galaxy Watch8 уреди веќе се достапни за купување кај овластените продажни партнери во Македонија.
Избери го уредот што одговара на твојот стил, динамика и амбиции – и доживеј ја мобилната технологија што мисли, штити и се прилагодува на тебе.
Технологијата што ја бараше е веќе тука. Купи го твојот Galaxy уред денес и направи чекор напред кон паметно, безбедно и инспиративно секојдневие.
ПР
Поврзани артикли