Трамп имаше идеја да го промени начинот на кој Nvidia работи, со цел да ја поттикне конкуренцијата на пазарот.
Доналд Трамп неодамна откри дека размислувал да ја разбие Nvidia, глобалниот лидер во чипови за вештачка интелигенција, за да ја зголеми конкуренцијата во индустријата. Сепак, откако дознал повеќе за важноста на Nvidia, решил да се откаже од тој план.
За време на говорот во Вашингтон за неговиот нов „AI Action Plan“, Трамп рече дека првично сакал да ја „разбие“ Nvidia, но неговиот советник предупреди дека тоа ќе биде многу тешко.
Откако разговарал со Јенсен Хуанг, основач и извршен директор на „Нвидија“, Трамп решил да се откаже од идејата. Според американските медиуми, Хуанг му објаснил на Трамп дека обидот за распаѓање на компанијата може да ја ослабне позицијата на Америка во областа на вештачката интелигенција, што е клучно за националната безбедност и глобалната економска доминација.
Nvidia моментално е највредната технолошка компанија во светот, со пазарна капитализација од над 4 билиони долари, благодарение на побарувачката за нејзините чипови што го поттикнува бумот во генеративната вештачка интелигенција.
Трамп подоцна го пофали извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, за тоа што го убедил да дозволи продажба на чипови на Nvidia во Кина.
Настанот ја нагласува важноста на Nvidia во глобалната технолошка индустрија и нејзиното влијание врз политичките одлуки во Соединетите Американски Држави.
Поврзани артикли