Хакерската група Silent Crow ја презеде одговорноста за нападот врз информациската инфраструктура на руската авиокомпанија Aeroflot.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека информациите за наводните хакерски напади врз информациските системи на руската авиокомпанија Aeroflot се доста алармантни.
Хакерската група Silent Crow ја презеде одговорноста за нападот врз информациската инфраструктура на Aeroflot претходно денес.
Ројтерс соопшти дека не може независно да ја потврди автентичноста на изјавата објавена на интернет дека наводни белоруски хакери биле вклучени во кибернападот.
Aeroflot утрово соопшти дека откажал повеќе од 40 летови откако пријавил дефект во своите информациски системи.
Some more details from Silent Crow. They got all the way to the core of Aeroflot’s systems. pic.twitter.com/rvvp1uMVgL
— Paul Storm van Leeuwen 🇳🇱 🇺🇦 (@PaulSvL) July 28, 2025
Компанијата соопшти дека го прилагодува распоредот на летовите поради дефект во информациските системи на компанијата и дека се очекуваат одложувања и откажувања, објави РИА Новости.
„Дојде до дефект во информациските системи на авиокомпанијата. Можни се прекини. Во овој поглед, се очекуваат прилагодувања на распоредот на летовите, вклучително и одложувања и откажувања“, се вели во соопштението.
Се забележува дека тим експерти во моментов работи на брзо враќање на нормалниот сообраќај.
Неколку летови беа одложени или откажани на аеродромот Храброво во Калининград, на крајниот запад од Русија, поради дефект во информацискиот систем, соопшти прес-службата на аеродромот.
„Промените во распоредот се случија поради дефект во информациските системи. Доцнења и откажувања се случуваат и за пристигнувања и за заминувања“, се вели во соопштението, објави Интерфакс.
Како што е објавено, досега се откажани три лета за Москва, а одложени се 10 летови за Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург и Иваново.
Поврзани артикли