Употребата на апликацијата за шифрирана комуникација Signal се зголеми во Холандија откако Доналд Трамп беше реизбран за претседател на Соединетите Американски Држави во јануари.
Холандија сега е меѓу петте земји со најмногу корисници на Signal, заедно со земји со значително поголемо население, како што се Украина, Германија и САД, објави холандскиот весник Volkskrant, пренесува NL Times.
Бројот на нови месечни регистрации на Signal од Холандија е 25 пати поголем отколку на почетокот на јануари, па бројот на холандски корисници на Signal порасна на повеќе од два милиони.
Оваа апликација стекна голема популарност бидејќи речиси и да не собира податоци за своите корисници, што е голем плус за многумина.
Signal се разликува и од големите технолошки компании од Силиконската долина по тоа што е фондација која не прифаќа инвестиции, нема реклами и се потпира на донации.