Неколку корисници забележале дека нешто се променило на почетната страница на Google.

Кога беше лансиран најпопуларниот интернет пребарувач во светот –  Google – тој се разликуваше од конкуренцијата пред сѐ по начинот на кој пребаруваше на интернет, но и по изгледот на почетната страница.

Во тоа време, популарните пребарувачи како Yahoo, MSN или Altavistа имаа почетни страници натрупани со содржини, а Google се истакнуваше со едноставен, чист дизајн, само со лого и поле за пребарување – и остана така до ден-денес, со неколку „козметички“ интервенции.

Но, деновиве, некои корисници забележаа дека дополнителни јазичиња се појавуваат на дното на екранот на нивната работна површина, на почетната страница на Google.com.

Google очигледно ја тестира промената на најпосетуваната веб-страница во светот, и тоа најголемата промена досега.

Во овој ограничен тест, шест помали прозорци се појавија на дното на екранот, врз основа на преференциите на корисникот, локацијата и слично.

Корисниците кои го видоа овој експеримент, како што објави 9to5Google, ги имаа следните јазичиња пред себе:

Временска прогноза за моменталната локација
Тренд теми, моментално најпопуларни на пребарувачот
Предлози за гледање серии и филмови
Состојба на берзата
Предлози за претстојни настани во ваша близина
Преглед на најновите вести за COVID-19

Оваа содржина може да се скрие со кликнување на малиот прекинувач во долниот десен агол на екранот.

Со кликнување на кое било од јазичињата се отвора страница со повеќе детали за темата што го интересира корисникот.

Како што стојат работите во моментов, ова е тест со ограничен опсег и не е познато дали воведувањето на овој додаток се разгледува глобално и за сите корисници.

Извор: B92.net