Ghost of Yotei не изгледа како игра со премногу нови функции – барем така изгледа по презентацијата на гејмплејот. Сепак, доста е предизвик да се дизајнира игра каде што патувањето на играчот не е строго режиран.

Како што веќе знаеме, во Ghost of Yotei ќе ловиме шест противници низ северна Јапонија, но ние ќе го избереме редоследот по кој ќе го правиме тоа. Ова е игра за „скитнички самурај“ која се базира на истражување на траги, а можеме да ги испрашуваме непријателите за траги откако ќе ги победиме.

Во отворениот свет, можеме да ловиме непријатели по кои се распишани потерници, да бараме тешко достапни „точки на рефлексија“ за да ги надградиме вештините итн. Ќе користиме двоглед за да ја истражуваме мапата, а новината е што ќе можеме да поставиме камп насекаде во дивината каде што ќе доаѓаат разни ликови, од трговци до борци кои можат да нè научат на нови движења во битка или да ни служат како соборци.

Освен соборците, од кои е прикажан само волкот, главната новина во борбата ќе бидат различните оружја. Наместо борбените пози од Цушима, Јотеи носи префрлање помеѓу оружја како што се катана, копје, кусаригама и двојни сечила. Не изгледа како голема промена, но се вклопува во идејата за лик кој не е самурај и не подлежи на никакви правила на борба, објавува HCL.

Меѓу другите специфики, вреди да се спомене можноста за враќање во времето кога Ацу била млада во некои делови од играта со еден клик, а со тоа ја гледаме трансформацијата на околината.