Microsoft објави во својот блог дека прелистувачот Edge сега работи значително побрз од порано.

„Преку нашите напори во текот на изминатите неколку месеци, достигнавме важна пресвртница: постигнување на глобално First Contentful Paint (FCP) од под 300 милисекунди“, соопшти компанијата.

FCP мери колку брзо прелистувачот почнува да прикажува содржина на веб-страница, а вредност под 300 милисекунди значи дека содржината се прикажува речиси веднаш.

Microsoft истакнува дека времето на вчитување над 300 до 400 милисекунди може да има негативно влијание врз корисничкото искуство.

Треба да се напомене дека FCP не е исто што и целосно вчитана страница.

Според Microsoft, Edge постигнал просечно 40 проценти побрзо време на вчитување за 13 клучни функции, вклучувајќи поставки, гласно читање, поделен екран и работни простори.

Можете да видите демонстрација во приложеното видео.