Aniplex ја објави „Resident Evil: Survival Unit“ – нова стратешка игра развиена во соработка со студиото Joycity со тесна поддршка од Capcom.
Играта ќе биде достапна за iOS и Android платформи во Северна Америка, Европа, Јапонија, Јужна Кореја и Азија.
„Resident Evil: Survival Unit нуди нов поглед на омилената франшиза, редефинирајќи го универзумот на survival horror како стратешка игра во реално време оптимизирана за мобилни платформи, iOS и Android“, се вели во соопштението за медиумите.
„Играта е дизајнирана да им се допадне и на долгогодишните обожаватели и на новите играчи“, додаваат издавачите.
Онлајн презентацијата на играта се одржа на 10 јули и може да се гледа преку платформата YouTube на англиски јазик.
Поврзани артикли