CD Projekt RED одлучи да го промени својот пристап кон развојот на своите игри, па така The Witcher 4 ќе биде нивната прва игра каде што PC нема да биде водечка платформа за време на развојот.

Полскиот развивач CD Projekt неодамна прикажа технолошка демонстрација за The Witcher 4, истакнувајќи како е дизајнирана врз основа на нивото на хардвер на обична PlayStation 5 конзола. Ова означи промена во начинот на кој CD Projekt RED ги развива своите игри, бидејќи во претходните демо изданија секогаш користеа компјутер (и најмоќните компоненти достапни во тоа време) за да ги прикажат игрите во најдобро светло. Сепак, компјутерот повеќе нема да биде во фокусот, потврди CD Projekt за Digital Foundry.

„Секогаш ја туркавме графиката напред на компјутерот, а потоа ја адаптиравме за послаб хардвер. Но, имавме многу проблеми во минатото поради тоа, па затоа овој пат решивме да им дадеме приоритет на конзолите“, рече Чарлс Тремблеј од CD Projekt.

Традиционално, игрите на CD Projekt биле или ексклузивни за PC (како првиот Witcher), привремени ексклузивни (The Witcher 2) или првенствено развиени за PC (The Witcher 3 и Cyberpunk 2077). Во случајот со последните два наслови, ова не резултираше со добро искуство на конзолите по објавувањето, што не би требало да се случи со The Witcher 4, кој CD Projekt го дизајнира да работи со 60 слики во секунда на конзолата PS5.

Секако, ова не значи дека PC играчите ќе бидат изоставени. CD Projekt вели дека имаат намера да ги прошират функциите за трасирање на зраци на PC кои не се достапни на конзолите и нагласуваат дека имаат простор дополнително да ја подобрат PC верзијата на The Witcher 4.