Паметниот дом не е само тренд, туку и практичен начин на живот кој ја подобрува ефикасноста и удобноста во секојдневието. Со интеграција на технологии кои автоматски се прилагодуваат на твоите потреби, паметниот дом ти овозможува поголема контрола, заштеда на време и енергија. Уредите поврзани преку платформи како SmartThings го трансформираат просторот во кој живееш, правејќи го поудобен и поинтелигентен.
Во рамките на новите Samsung решенија за паметен дом се истакнува новиот паметен SBS Family Hub фрижидер, кој ги обединува најсовремените технологии за разладување со поврзаноста на SmartThings екосистемот. Овој интелигентен фрижидер им овозможува на корисниците да го надгледуваат и управуваат неговиот статус од далечина – преку смартфон апликацијата може да се проверува температурата, да се прилагодува режимот на ладење, па дури и да се види внатрешноста на фрижидерот благодарение на вградени камери и AI Vision функција. SmartThings интеграцијата значи дека фрижидерот автоматски ќе испрати известување доколку вратата остане отворена предолго, превенирајќи расипување на храната и непотребна потрошувачка на струја. Дополнително, режимот AI Energy ја оптимизира потрошувачката – тестирањата покажуваат заштеда до 10% од енергијата при ладење во овој режим. Овој уред претставува спој на иновативен дизајн и функционалност, придонесувајќи кон поорганизиран и економичен домаќински живот.
Покрај кујнските уреди, иновативните Bespoke AI машини за перење алишта на Samsung се исто така дел од интегрираната SmartThings понуда. Новите модели перални со AI контрола овозможуваат далечинско стартување или планирање на циклусите – корисникот може, на пример, да ја подготви машината да започне со перење точно пред да се врати од работа. Она што овие Bespoke AI машини за перење ги прави навистина посебни е способноста да ја оптимизираат работата: преку AI Energy Mode тие ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија без компромис во квалитетот на перењето. Дополнително, функцијата AI Clothing Care ги анализира навиките на користење и типот на ткаенини, креирајќи прилагодени програми за перење што одговараат на животниот стил на семејството. Резултатот е поефикасно перење, подолг животен век на облеката и значително пониски сметки за струја – бенефит значаен особено за поголемите домаќинства.
Во сегментот на одржување на домот, Samsung ја претставува напредната правосмукалка Bespoke Jet™ AI ULTRA – уред кој комбинира висока моќност, интелигенција и елегантен дизајн. Оваа безжична вертикална правосмукалка, дел од премиум-серијата Bespoke, располага со најсилна вшмукувачка моќност во својата класа (до 280 W) и All-in-One Clean Station™ база која автоматски го празни садот за прашина по чистењето. Благодарение на AI технологијата, правосмукалката самостојно ја прилагодува јачината на вшмукување и брзината на четката во зависност од типот на подот, оптимизирајќи ја ефикасноста и штедејќи до 14% од траењето на батеријата во еден циклус. Овој модел е осмислен да биде дел од паметниот дом: интеграцијата со SmartThings значи дека корисникот може да ја надгледува и контролира правосмукалката преку својот телефон – од проверка на статусот и батеријата, до активација на функции како Remote Empty за далечинско празнење на содржината.
Со овие нови паметни уреди, Samsung SmartThings ја демонстрира посветеноста кон креирање на поврзан екосистем што носи реални придобивки за корисниците. Управувањето со домот преку една платформа резултира со поедноставени рутини и помала загуба на време – секојдневните задачи се автоматизираат или се контролираат со неколку допири на екранот.
Екслузивна понуда во тек!
Не пропуштајте ја оваа неверојатна понуда! Купете одредени Samsung фрижидери, машини за перење, машини за сушење или правосмукалки и како подарок добивате Galaxy Watch7 — паметен часовник кој ги нуди најнапредните технологии за следење на здравје и фитнес, со елегантен дизајн и функции за поврзаност и продуктивност.
Оваа ексклузивна понуда важи само до крајот на месецот (до 30 јуни 2025), па побрзајте и започнете да ги искористувате новите Samsung иновации уште денес!
Поврзани артикли