Ракетата на компанијата SpaceX која беше тестирана во Тексас експлодира, а извршниот директор Илон Маск објавил дека нема опасност во безбедносната зона околу таа локација.

Компанијата денеска соопшти дека тоа се случило додека леталото се подготвувало за својот десетти пробен лет на лансирањето во јужен Тексас.

„За време на целата операција, се одржуваше безбедносна зона околу локацијата и целиот персонал е безбеден“, соопшти SpaceX на социјалните мрежи.

Тие побараа од луѓето да не се обидуваат да се приближат до локацијата.

Компанијата најави и дека соработува со локалните власти.