Кинеската компанија DeepSeek го ажурираше својот модел на вештачка интелигенција R1, а новата верзија беше објавена без никаква најава на платформата Hugging Face.
Тестовите на новиот модел R1-0528 покажаа забележително подобрување во способноста за генерирање код.
Според тестот развиен од истражувачи од елитните американски универзитети Беркли, МИТ и Корнел, новиот модел ги надмина конкурентите како што се Grok 3 mini од компанијата xAI и моделот Qwen 3 на Alibaba, додека само малку заостанува зад моделите o4 mini и o3 од OpenAI.
DeepSeek сè уште не објави технички детали за подобрувањата во верзијата R1-0528, која неформално ја нарекува „мало тест ажурирање“, објави Ројтерс. Се очекуваше DeepSeek да објави и нов модел на вештачка интелигенција, R2, во мај, но лансирањето е одложено без официјално објаснување.
DeepSeek го претстави моделот R1 во јануари, а тој веќе предизвика возбуда во индустријата поради неговата исклучителна ефикасност и ниска цена, а предизвика и пад на американските технолошки акции.
Неговиот успех покажа дека контролата на извозот на САД не го забави значително развојот на вештачката интелигенција во Кина, предизвикувајќи брзи реакции од конкурентите – вклучително и нови модели и прилагодувања на цените од компании како OpenAI и Google.
Поврзани артикли