The Witcher 3: Wild Hunt неодамна го прослави својот десетти роденден, продавајќи 60 милиони примероци, а CD Projekt RED сè уште не заврши со играта.

Наскоро доаѓа уште едно ажурирање кое ќе додаде интегрирана поддршка за модови, т.е. кориснички модификации, во играта.

Модовите ќе бидат дистрибуирани во рамките на The Witcher 3 преку платформата Mod.io и ќе бидат поддржани за сите верзии на Complete Edition – и за PC и за конзоли.

Witcher собра голема колекција на модови во текот на изминатите 10 години кои можат дополнително да ја подобрат играта.

Некои од нив претходно беа ексклузивни за PC верзијата, па затоа е добра вест дека ќе бидат достапни на конзолите во иднина.

Како што обично е случај со добрата практика, сите модови на играта ќе бидат бесплатни за сите сопственици на The Witcher 3 Complete Edition.

CD Projekt нагласува дека модовите од други платформи (како што е Nexus) сè уште ќе бидат достапни, но верзиите за конзоли ќе зависат од понудата на модови на платформата Mod.io.