Поставката Screen Security е вклучена по стандард за корисниците на оперативниот систем Windows.

Платформата за шифрирани пораки Signal воведува функција наречена Screen Security во својата Windows апликација. Во суштина, функцијата го спречува вашиот компјутер да прави снимки од екранот на вашите пораки додека апликацијата е отворена, но Signal експлицитно ја наведе функцијата Recall во Windows 11 во своето соопштение како причина за функцијата.

Signal објасни дека всушност ја означил својата апликација како заштитена со Digital Rights Management (DRM), бидејќи содржината што спаѓа под таа заштита не може да се сними во снимки од екранот на Windows уреди. Затоа, на пример, филм што се емитува од Netflix се појавува како црн правоаголник во снимките од екранот. Screen Security ќе биде вклучена по дифолт, но лесно може да се исклучи во случаи кога на корисникот му е потребен пристап до апликацијата, како на пример кога се користи читач на екран.

„Се надеваме дека тимовите на вештачката интелигенција кои развиваат функции како Recall ќе ги разгледаат нивните последици повнимателно во иднина“, се вели во соопштението на Signal. „Апликациите како Signal не треба да посегнуваат по „еден чуден трик“ за да ја зачуваат приватноста и интегритетот на нивните услуги без соодветни алатки за развивачи.“

Recall во Windows 11 помина низ предизвикувачки и постојано одложуван развој. Иако алатката со вештачка интелигенција има потенцијал да ја подобри продуктивноста на корисниците со снимање на сè што се појавува на екранот на компјутерот, таа покрена бројни загрижености за приватноста и безбедноста. Иако Microsoft започна со воведување на Recall на Copilot+ PC уреди, многумина сè уште веруваат дека функцијата не е подготвена за широка употреба.