Ако не сте сигурни дали некој ви го прислушкува телефонот, има работи на кои треба да обрнете внимание за да ги потврдите или отфрлите вашите сомнежи.
Необјасниво прегревање, присуство на чудни програми без икони, брзо празнење на батеријата, ненадејно зголемување на сообраќајот во позадина и спонтано активирање – сето тоа се знаци дека телефонот можеби се прислушкува.
Ова го изјави Никита Новиков, раководител на одделот за анализа, следење и одговор во Angara Security, за руската новинска агенција „Прајм“.
„Сето ова може да укажува на започнување на злонамерни процеси, вклучително и оние поврзани со пренос на податоци на надворешни сервери“, објаснува тој.
„Ако сакате да проверите дали е овозможено пренасочувањето на повици, треба да го внесете (а потоа да го „бирате“) кодот: *#21# во полето за бирач.
Можете да го користите и кодот: #002# за да ги ресетирате сите пренасочувања на повици, доколку ги има.
Може да се користат и антиспајвер скенери, но најефикасно е да се избрише уредот на фабрички поставки и целосно да се заменат акредитивите“, заклучи Новиков.
Поврзани артикли