Министерството за технологија на Виетнам им наложи на телекомуникациските оператори да ја блокираат апликацијата Telegram.
Апликацијата е „таргетирана“ од властите поради соработка, во борбата против наводните криминални активности извршени од нејзините корисници, според документ до кој дошол Ројтерс.
Документот, датиран на 21 мај и потпишан од заменик-шефот на одделот за телекомуникации во Министерството за технологија, им наложува на телекомуникациските компании да преземат мерки за блокирање на Telegram и да го известат министерството за преземените чекори до 2 јуни, објави Ројтерс.
Министерството дејствуваше по наредба на владиниот оддел за сајбер безбедност откако полицијата објави дека 68 проценти од 9.600 канали и групи на Telegram во земјата го прекршиле законот, наведувајќи измама, трговија со дрога и „сомнителни случаи поврзани со тероризам“ меѓу нелегалните активности што се одвиваат преку апликацијата.
Службеник на Министерството за технологија ја потврди автентичноста на документот и истакна дека одлуката е донесена откако Telegram не ги сподели податоците за корисниците со владата, и покрај барањата како дел од кривичните истраги.
Поврзани артикли