Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Apple мора да ги произведува своите iPhone телефони во Соединетите држави – или ќе се соочи со царина од 25 проценти.
„Го информирав Тим Кук од Apple одамна дека очекувам iPhone-ите кои се продаваат во Соединетите Американски Држави да се произведуваат во САД, а не во Индија или на кое било друго место“, напиша Трамп.
„Ако тоа не е случај, Apple ќе мора да плати тарифа од најмалку 25 отсто на САД“, напиша Трамп.
Минатата недела, за време на посетата на Блискиот Исток, Трамп изрази незадоволство од планот на Apple да произведува iPhone уреди за американскиот пазар во новоизградените објекти во Индија.