Легендарната позадина за Windows XP, позната како „Bliss“, е веројатно најпознатата фотографија во светот.
Направена во 1998 година во долината Напа во Калифорнија, оваа фотографија прикажува зелени ридови под сино небо и долго време ги красеше екраните на милиони корисници.
Денес, локацијата е непрепознатлива – поранешните ливади се заменети со лозја, што предизвика разочарување кај многумина на социјалните мрежи.
A California hillside WindowsXP wallpaper pic.twitter.com/8KRDYvQxNd
— ★V141NG★🏴☠️ 𝕏 (@inexorable_fuck) May 8, 2025
Некои коментари ја опишуваат промената како „тажна“ и „депресивна“, додека други ја бранат новата естетика на „лозје“, тврдејќи дека местото сè уште ја има својата убавина.
Фотографот Чарлс О’Рир ја забележал сцената додека минувал покрај полето, кое тогаш било празно поради болест на винова лоза. Токму оваа ретка ситуација го создаде совршениот кадар.
Мајкрософт подоцна ја купи фотографијата и ја искористи за промоција на Windows XP. Иако пејзажот се променил, оригиналната слика останува автентичен приказ на природата без дигитална обработка и симбол на една дигитална ера.
Поврзани артикли