Кинеските социјални мрежи деновиве горат поради новите снимки од футуристички борбен авион кој со својот необичен дизајн и технологија веќе прави споредби со западните проекти од шестата генерација.
Станува збор за авион без опашка, со три мотори, кој западните аналитичари го нарекуваат J-36. Иако не е познато кога е снимена снимката, видеото се појави на кинеските платформи во понеделникот и го прикажува леталото како лета над автопат, во близина на пистата на фабриката Chengdu Aircraft Industry Group во провинцијата Сечуан, каде што се верува дека е произведен авионот.
Првите фотографии од Ј-36 се појавија кон крајот на минатата година, а продолжија да кружат минатиот месец. Неговиот необичен изглед и технички карактеристики веднаш го привлекоа вниманието на авијациските ентузијасти и воените експерти ширум светот.
Се претпоставува дека се работи за ловец од шеста генерација, опремен со најнова стелт технологија, напредна авионика и иновативни решенија во конструкцијата на трупот и погонот, пишува Си-ен-ен.
Експертот за воена авијација Дејвид Кенчиоти, поранешен офицер во италијанското воено воздухопловство, го анализирал видеото од шест секунди на неговата веб-страница The Aviationist, за кое вели дека нуди прилично јасен приказ на конфигурацијата на авионот.
J-36 pic.twitter.com/PJ1Thqt4tZ
— Sweet Clay (@Clay_PLAPAP) April 7, 2025
„Изгледот на моторот, со два влеза под крилата и трет на задната страна, зад пилотската кабина, значително отстапува од стандардните решенија со два мотори кои доминираат кај модерните ловци.
Тој, исто така, додава дека на долната страна на трупот е видлив простор што би можел да служи како внатрешен дел за оружје, што значи дека Ј-36 потенцијално може да носи ракетни системи за напади со долг дострел.
Доколку информациите се покажат како точни, Ј-36 би можел да претставува голем чекор напред за Кина, која сериозно би се приближила, па дури и би ги надминала САД во трката за развој на борбени авиони од шестата генерација.
Поврзани артикли