Eден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс во разговор со Патрик Колисон, ко-основачот на Мајкрософт рече дека новата генерација треба да биде свесна и загрижена за најмалку четири големи глобални предизвици.

„Кога бев млад, имаше само еден голем страв – нуклеарна војна. Тоа беше она што тогаш го разбрав и што навистина ме загрижуваше“, рекол Гејтс. Денес, вели тој, списокот на потенцијални закани е многу подолг.

окрај нуклеарната војна, која останува реална закана, помладите генерации сега треба сериозно да размислуваат и за климатските промени, биотероризмот, пандемиите, како и за развојот на вештачката интелигенција.

„Денес имаме четири фусноти. Младите навистина треба да се плашат од овие работи“, истакна Гејтс.

Тој со години предупредува за ризиците што вештачката интелигенција може да ги донесе на општеството, но го истакнува и нејзиниот огромен потенцијал.

„Немаме доволно медицински експерти, луѓе кои ги следат сите вести или луѓе кои можат да одржат часови по математика во сиромашните населби. Ни недостига интелигенција, па го користиме пазарниот систем за да ја дистрибуираме. Но, вештачката интелигенција на крајот – иако секој може да се расправа за точното време – ќе ја направи интелигенцијата практично бесплатна“, објасни тој.

И покрај се, Гејтс останува оптимист. Тој смета дека младите генерации ќе живеат подобро од претходните доколку успеат да се справат со големите глобални предизвици.

„Ако можеме да решиме барем некои од овие големи проблеми, светот ќе биде многу подобро место. Ќе имаме лек за ХИВ, детската парализа, сипаниците и маларијата ќе исчезнат, а иновациите никогаш не биле побрзи од денес“, заклучи тој.