Моделот на вештачката интелигенција Gemini на Google сега дозволува резултатите од истражувањето (Deep Research) да бидат претставени во форма на подкаст во кој двајца соговорници генерирани од вештачка интелигенција „дискутираат“ меѓу себе.

Корисниците можат да побараат од алатката Gemini да истражи одредена тема со скенирање на мрежата и генерирање детален извештај врз основа на нејзините наоди.

Откако Gemini ќе заврши со генерирањето на извештајот, можете да ја изберете новата опција „генерирај аудио преглед“ и да ги прикажеш резултатите во форма на подкаст, пренесува The Verge.

Google неодамна објави дека го купил израелскиот стартап Wiz за 32 милијарди долари.

Договорот ќе ја подобри понудата за безбедност на облак на Google со тоа што ќе им обезбеди на клиентите платформа за заштита од закани во светот на напредната вештачка интелигенција, се вели во соопштението.

Компаниите и владите кои денес складираат податоци во облакот бараат уште посилни безбедносни решенија, рече извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, во изјавата во врска со договорот со Wiz, компанија специјализирана за безбедност на облакот, според извештаите на медиумите.