Microsoft продолжува агресивно да ја подобрува апликацијата Xbox за компјутер, но се чини дека случајно открил карактеристика што малкумина ја очекуваат.

Неодамна беше откриен „Project Kennan“ – партнерство помеѓу Microsoft и ASUS за развој на рачна конзола за игри.

Овој уред е прв во новата програма на Xbox која вклучува партнери кои традиционално се врзани за Windows, со цел да се обликува иднината на гејмерскиот хардвер на оваа платформа.

Секој што користел уреди како Lenovo Legion Go или ASUS ROG Allly знае дека Windows едноставно не е погоден за ваков тип на употреба. Сепак, ситуацијата постепено се менува, пренесува Windows Central.

Microsoft веќе додаде нови функции во Xbox Game Bar, како што се компактен режим и можност за користење „екранска тастатура“ со контролер.

Сепак, најновите протечени информации сугерираат уште поголем скок. Останува прашањето дали ова е ненамерна грешка или дизајнерска визија за идните планови.

Исто така, постои можност дека тоа би можело да биде нешто уште позначајно – потенцијална соработка помеѓу Microsoft и Valve, која би можела да ја донесе продавницата Steam на конзолите на Xbox. Сето ова може да доведе до ситуација во која нема веќе да постојат две верзии на исти игри, за Windows и Xbox, туку само една – за Windows PC.

The Verge забележа дека Microsoft брзо ја отстрани сликата откако новинарите ги контактираа за нејзиното значење, што дополнително ја зголеми мистеријата околу оваа потенцијална нова функција.