Компанијата Google соопшти дека нашла илјадници нелегитимни огласи, вклучително и лажни бизниси, на својата апликација Maps.
Во соопштението се наведува дека вработен во компанијата кој работи во рамките на поширока мрежа креирал и продавал лажни деловни профили на апликацијата Maps, а Google исто така најави тужби против сите кои стојат зад измамите, објави CBS.
Првиот пријавен случај беше браварска компанија од Тексас која му пријавила на тимот на Google дека има профил на Maps кој лажно се претставувал како таа компанија, по што Google истражувал и елиминирал повеќе од 10.000 лажни или нелегитимни внесувања.
„Кога ќе добиеме извештај за измама, правиме екстремни напори да идентификуваме слични лажни профили“, рече генералниот советник на Google, Халима Делејн Прадо.
Google откри дека многу измами се концентрирани во она што тие го нарекуваат „вертикална принуда“, или услуги потребни во итни или стресни ситуации, како што се бравари или услуги за влечење.
„Измамниците стануваат пософистицирани“, вели Дилејни Прадо.
Во текот на истрагата било утврдено дека измамниците имаат мрежи ширум светот и ги користат социјалните мрежи за да го зголемат досегот, па еден измамник поставил реклами за бизниси во група на Фејсбук, оценувајќи ги со најмногу пет ѕвездички, со цел да создаде лажна слика во споредба со прегледите на Google.