По долга пауза, Meizu се враќа на светскиот пазар со три нови телефони – Note 22, mblu 22 и mblu 22 Pro.

Овие модели беа претставени на саемот MWC и доаѓаат со Android 15, збогатен со корисничкиот интерфејс Flyme.

Meizu Note 22 е почетен модел со 6,78-инчен 1080p LCD дисплеј и Helio G99 чипсет. Ќе биде достапен во две варијанти на меморија: 8 GB RAM + 128 GB меморија и 8 GB RAM + 256 GB меморија.

Најголемата предност на овој телефон е главната камера од 108 MP, додека детали за останатите сензори не се објавени. Предната камера од 32 MP е одговорна за селфи.

Батеријата од 5.000 mAh поддржува брзо полнење од 40 W, а има и дополнителни функции како NFC, IR blaster и 4G конекција. Meizu Note 22 ќе се продава во сина, виолетова и бело-златна боја.

mblu 22 – компактен и достапен

mblu 22 е уште еден почетен модел со 6,79-инчен LCD екран, но со помала резолуција од 720p. Се напојува со Unisoc чипсет (чиј точен модел не е откриен) и доаѓа во две варијанти: 3GB RAM + 64GB складирање и 4GB RAM + 128GB складирање.

Телефонот има главна камера од 13MP и предна камера од 5MP, додека посебен акцент е ставен на гласните стерео звучници. Батеријата од 5.000 mAh обезбедува долготрајна автономија, пренесува GSM Arena.

mblu 22 работи со верзијата Go Edition на Android 15 и ќе биде достапен во црна, жолта и светло сина боја.

mblu 22 Pro – подобар екран и посилни камери

Моделот mblu 22 Pro носи значителни подобрувања во однос на стандардниот mblu 22.

Главната камера сега има 50MP, додека предната е 8MP. Екранот задржува 6,79 инчи и резолуција од 720 p, но сега поддржува повисока стапка на освежување, најверојатно 90 Hz.

Телефонот се напојува со MediaTek Helio G81 чипсет, а опциите за меморија се: 4GB RAM + 128GB, 6GB RAM + 256GB и 8GB RAM + 256GB.

Батеријата од 5.000 mAh сега поддржува брзо полнење од 18 W (наместо 10 W на обичниот mblu 22). mblu 22 Pro исто така носи NFC поддршка и ќе биде достапен во темно сива, зелена и титаниум бела боја.