Американската компанија за онлајн учење јазик Duolingo започна необична маркетинг кампања со веста за смртта на нејзината популарна маскота, бувот Duo.

Оваа кампања, сепак, почнува да покажува резултати бидејќи бројот на месечни активни корисници на платформата е зголемен за 25 проценти од година во година.

Според податоците на Similarweb, бројот на преземања на апликацијата Duolingo преку продавницата на Google Play се зголемил за 38 отсто ден по почетокот на маркетинг кампањата, пренесува Tech Crunch.

Извршниот директор на Duolingo, Луис фон Ан, објави на TikTok дека неговиот сакан зелен був Duo е убиен откако го удрил Cybertruck, електричен автомобил од Tesla, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск.

@duolingo UPDATE: Reward for whoever can identify the driver. Please post any leads on TikTok. Thank you for your patience with us during these trying times. #RIPduo ♬ original sound – Duolingo

Технолошкиот портал додава дека луѓето кои се незадоволни од Илон Маск можат да го канализираат својот гнев со помош на компанијата. Компанијата со седиште во Питсбург, исто така, започна кампања за спас на маскотата на почетокот на оваа недела, која ја нарече „Duo or die“.

Со вредно учење јазик на Duolingo и постигнување цели на платформата, корисниците можат да заработат доволно поени во апликацијата и на тој начин да го „спасат Duo“ од прерана смрт.