Основачот на Twitter кој сега е на платформата BlueSky, изнесе некои ставови за тоа зошто луѓето бегаат од Х.

Џек Дорси го даде своето мислење за тоа зошто луѓето ја напуштаат една платформа што тој ја основал (Х, порано Twitter) за да се приклучат на друга што тој помогнал да се основа (BlueSky).

„Мислам дека има поголема веројатност луѓето да бегаат од X отколку да се префрлат на нешто како BlueSky“, истакна ко-основачот на Twitter во неодамнешното интервју за подкаст.

„За жал, тоа не е одличен начин да се создаде производ. Сакаме луѓе кои доаѓаат кај нас за специфична работа што претходно не можеа да ја направат“, додаде тој.

BlueSky првично беше формиран во 2019 година како внатрешен проект на Twitter, каде Дорси остана извршен директор, но беше лансирана како самостојна корпорација од јавен интерес во 2021 година.

Дорси се повлече од функцијата извршен директор на Twitter во 2021 година, а неговиот мандат во одборот на директори заврши следната година.

„BlueSky изгради нешто што јас сакав да го изградат и за што сум возбуден, а тоа е оваа продавница за алгоритми, каде што имате можност да изберете свои алгоритми“, рече Дорси.

Илон Маск го купи Twitter за 44 милијарди долари во 2022 година и оттогаш направи голем број промени. Тој го преименуваше во X, смени неколку директори и отпушти околу 80% од персоналот, ги врати претходно забранетите корисници и почна да продава проверка на синиот чек.

Од друга страна, BlueSky забележа пораст на регистрациите на корисници во ноември минатата година, поради бранот корисници што го напуштаа X по изборот на Трамп, кого Маск финансиски го поддржа, за претседател.

„Тоа што се случи со Твитер не може да ни се случи на ист начин, затоа што секогаш ќе имате опција да тргнете веднаш без да треба да започнете одново“, рече извршната директорка на компанијата, Џеј Грабер. „Ние градиме социјална мрежа со отворен код, која секој може да ја земе во свои раце и да ја надоградува, а тоа е нешто што е радикално различно од сè што е направено досега на социјалните мрежи“.