DeepSeek AI е окарактеризиран како закана во уште една азиска земја.

Популарната кинеска апликација за вештачка интелигенција повеќе не е достапна во продавниците за апликации во Јужна Кореја.

Одлуката е донесена откако властите во земјата оценија дека DeepSeek не ги почитува јужнокорејските закони за заштита на податоците.

Веб верзијата на DeepSeek сè уште е достапна, а се наведува дека апликацијата ќе биде вратена кога и доколку ги исполнува пропишаните барања.

Претходно овој месец, Италија ја блокираше апликацијата врз основа на слични параметри, додека САД и другите земји ја истражуваат можноста за забрана на употребата на DeepSeek за воени и владини цели.

DeepSeek неодамна го надмина ChatGPT по бројот на преземања во продавниците за апликации, а појавата на оваа моќна вештачка интелигенција ги потресе и берзите ширум светот.

Овој успех, по првичното изненадување и страв, доведе до тоа DeepSeek полека да почне да се забранува, а бројот на земји во кои употребата на DeepSeek е целосно или делумно ограничена постојано се зголемува.