Xiaomi 15 Ultra се очекува наскоро – најверојатно во февруари, а сега е забележан на Geekbench.

Кинеската компанија Xiaomi наскоро ќе го претстави својот следен врвен телефон. Тоа ќе биде Xiaomi 15 Ultra, кој исто така ќе го има своето глобално издание, а гласините споменуваа дека ќе биде придвижуван од најмоќниот актуелен чипсет.

Беше предложено дека најновиот и најмоќниот член на серијата Xiaomi 15 ќе го користи чипсетот Snapdragon 8 Elite, а тоа сега е потврдено преку прототипот што се појави на Geekbench AI бенчмаркот.

Онлајн базата на податоци на овој бенчмарк откри дека телефонот користи графички процесор Adreno 830, а овој графички процесор се наоѓа само на чипсетот Snapdragon 8 Elite.

Дополнително, телефонот кој се појави на бенчмарк тестот користи и оперативен систем Android 15, како и 16GB RAM.

Се вели дека Xiaomi 15 Ultra има сензор од 1 инчи за главната камера (Sony Lytia LYT-900), телефото сензор за перископ Samsung ISOCELL HP9 од 200 MP, камера за зумирање Sony IMX858 од 50 MP и ултра широка камера Samsung ISOCELL JN5 од 50 MP.

На предната страна се очекува QHD+ AMOLED екран, со поддршка за стапка на освежување од 120 Hz, а сè се напојува од батерија од 6.000 mAh со поддршка за брзо 90 Wh и безжично полнење од 50 Wh.