WhatsApp тестира нова функција за вештачка интелигенција за својата Android апликација.

Во рамките на новиот интерфејс WhatsApp за Android, табот Communities е заменет со табот „AIs“. Ова беше имплементирано, најверојатно, за да обезбеди функции напојувани со вештачка интелигенција на едно место.

Сега се појавија детали за новата функција на која работи WhatsApp, а која треба да им овозможи на корисниците да креираат персонализирани чат-ботови со вештачка интелигенција.

Порталот WABetaInfo ја откри гореспоменатата функција во една од поновите верзии на WhatsApp бета за Android.

Корисниците на WhatsApp ќе можат да креираат чет-ботови за вештачка интелигенција во рамките на апликацијата, кои ќе се нарекуваат AI Characters. Апликацијата ќе нуди предлози за да го олесни процесот на креирање чет-ботови.

Кога креирате четбот, WhatsApp ќе бара од корисниците да опишат што ќе прави четботот и која ќе биде неговата примарна цел.

Во моментов не е познато кога гореспоменатата функција ќе стане јавно достапна за сите корисници на WhatsApp.