На Американците од денеска им е забрането да користат TikTok, што претставува голем проблем за инфлуенсерите кои ја започнале својата кариера преку оваа апликација и кои заработиле најмногу приходи од објавување содржини на оваа социјална мрежа.

Еден од најпопуларните американски тиктокерки се сестрите Чарли и Дикси Д’Амелио, а нивниот татко Марк зборуваше за затворањето на TikTok, осудувајќи го потегот на американската влада.

„Толку е неамериканско нашата влада да забрани нешто што беше толку суштински дел од животот на просечниот американски граѓанин – да има платформа за слободно изразување и да ги заштити нашите права од Првиот амандман“, изјави нивниот татко за Тајмс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marc D’Amelio (@marcdamelio)

„Ние сме на TikTok речиси пет години, почнавме кога тој сè уште беше во раните фази, така што успеавме да ги искористиме сите позитивни работи што ги добивме од платформата“, додаде тој.

„Ова ќе биде огромен удар за секој што ќе изгуби половина од својот бизнис и потенцијалните следбеници. Благословени сме и среќни што имавме можност да бидеме поврзани со TikTok пет години“, продолжи Марк, додавајќи: „Повеќе сум загрижен за луѓето кои се нови и кои ја користеле оваа платформа за да ги развијат своите мали бизниси, јас сум загрижен и за малите креатори чиј приход зависи од TikTok.

Марк, исто така, ги критикуваше причините за забраната.

„Ако владата сака да не заштити, дали не штитат и од други платформи? Тогаш треба да се забранат сите социјални мрежи, а не само TikTok“, заклучи тој.

Иако тој силно го критикуваше исклучувањето на TikTok, според Тајмс, Марк не е загрижен за финансиската иднина на неговото семејство.

Форбс процени дека Чарли Д’Амелио, која е најследената Американка на TikTok со 156 милиони фанови, заработила дури 4 милиони долари само од платформата на социјалните медиуми од 2019 до 2020 година.

Во 2022 година, Форбс ја рангираше како најплатена ѕвезда на TikTok. Минатата година таа беше четврта на листата на Форбс за најдобри креатори (и прва жена креатор на листата) со вкупна заработка од 23,5 милиони долари.

Таа вкупна заработка ги вклучува сите нејзини потфати, не само TikTok. Сепак,Д’Амелио и другите најпопуларни креатори заработуваат околу 30 до 50 отсто од своите пари од TikTok, според „Индепендент“. Нејзината вкупна заработка до денес пораснала на 45 милиони долари.

Кинескиот TikTok денеска престана да биде достапен за корисниците во САД, непосредно пред да стапи на сила забраната за апликацијата, пренесоа светските агенции.

Апликацијата повеќе не е достапна во продавниците за апликации на Apple и Google.

Популарната социјална мрежа се потпира на поддршката на Доналд Трамп за да ја врати и да ја одржи легална во САД. Иако претходно во неговиот мандат ја поддржа забраната за TikTok неговите сегашни ставови се поумерени. Трамп рече дека мрежата игра важна улога во допирањето до помладите лица и изрази надеж дека апликацијата ќе остане достапна.