Android таблетите со најновиот и најдобар чипсет од компанијата Qualcomm се многу, многу ретка појава. Сепак, тоа не значи дека тие се невозможни.
Иако водечките телефони секоја година се надградуваат со најновите процесори, моментално нема таблети кои користат Snapdragon 8 Elite, но тоа може да се промени.
Како што е објавено на Твитер од дојавувач по име „Kartikey Singh“, Xiaomi работи на нов таблет напојуван од Snapdragon 8 Elite, а „ѕверот“ ќе биде објавен подоцна оваа година.
Xiaomi Pad: Snapdragon 8 Elite ~
— Kartikey Singh (@That_Kartikey) January 9, 2025
За жал, во овој момент нема повеќе детали за уредот, но користењето на тој многу скап чипсет автоматски значи дека и другите спецификации треба да бидат врвни.
Значи, ако ова се оствари, треба да очекуваме голем екран со висока резолуција, најмалку 8 GB RAM (можеби 12 GB или 16 GB) и батерија со капацитет од повеќе од 10.000 mAh.
Патем, во текот на 2025 година, бројни уреди Xiaomi, Redmi и Poco ќе престанат да добиваат софтверска поддршка.