Според статистиката, Илон Маск е многу добар играч кога станува збор за Diablo 4, а неодамна имаше одличен почеток со Path of Exile 2. Сепак, работите можеби не се како што изгледаат.
Токму резултатите во Path of Exile 2 ја доведуваат во прашање легитимноста на презентацијата на Маск како гејмер.
Имено, шефот на Тесла и Твитер пред неколку дена реши да стримува час и половина гејмплеј од оваа игра, а играше со лик на ниво 95. За некој дури и да го достигне тоа ниво, потребно е многу време и значителна гејмерска вештина, а судејќи според реакциите на играчите, Маск не го покажа тоа.
За време на преносот, како што тврдат играчите во коментарите, Маск постојано демонстрираше целосно нелогични движења во игра и збунетост за работите што не треба да му бидат нејасни на некој што е на ниво 95.
Со коментирање на ставки во играта, тој покажа дека не разбира како функционираат некои од нив, а го користел и методот на повлекување предмети за да ги организира, што сериозните играчи обично не го прават поради системот за филтрирање.
Ова се само неколку од работите што ги наведоа играчите на Path of Exile 2 да го изразат своето сомневање дека Маск се преправа дека е успешен играч врз основа на туѓи напори.
Главно, оние кои се сомневаат во Маск тврдат дека е физички невозможно да има подобра опрема играјќи сам од стримерите кои играат со часови секој ден, што би значело дека некој игра наместо него. Тоа не би бил ниту прв ниту последен ваков случај, а ако е вистина, останува единственото прашање – зошто?
Поврзани артикли