Valkyrae, популарна креаторка на содржини, го најави своето враќање на Twitch.
Креаторката на содржина и стриминг Valkyrae објави на платформата X дека официјално го заврши својот ексклузивен договор за стриминг со YouTube.
Таа ги откри плановите да се врати на Twitch, со камбек пренос во живо закажан за 8 јануари 2025 година.
After 3 contracts and 5 years later, I’ve officially completed my last contract streaming exclusively on YouTube🥹🎉
I’ll be doing my first stream on Twitch on my birthday, January 8th! Celebrating 10 years of streaming as well as a special marathon announcement.
See you then❤️
— RAE (@Valkyrae) December 29, 2024
Valkyrae, исто така, истакна дека ќе ја искористи оваа прилика да ја прослави годишнината од 10 години стриминг, а на фановите им вети специјален стриминг маратон за да го прослават достигнувањето.
„По три договори и пет години подоцна, официјално завршив со моите ексклузивни преноси во живо за YouTube“, истакна таа во својата објава.
„Ќе имам пренос поради враќањето на Twitch на мојот роденден, 8 јануари. Исто така, славам 10 години од стриминг, а има и најава за посебен маратон. Се гледаме подоцна“, вели Valkyrae.
Многу фанови веќе и испратија пораки со поддршка, а објавата привлече внимание и реакции кај другите популарни стримери.
YAAAAAY VALKYRAE BACK ON TWITCH ❤️❤️❤️
— pokimane (@pokimanelol) December 29, 2024
Така Ludwig на шега предложи „мултистриминг“ и на Twitch и на YouTube во исто време. Pokimane напиша: „Да, Valkyrae се враќа на Twitch“.