Интернационалниот модел Samsung Galaxy S25, кој користи чипсет на Qualcomm, е забележан на бенчмаркинг сајтот Geekbench.

Во претходните месеци имаше бројни гласини за процесорот кој ќе ја напојува серијата телефони Samsung Galaxy S25.

Некои од нив тврдеа дека целата линија ќе користи чипсет Snapdragon 8 Elite, во текот на декември, на Geekbend беше забележан Galaxy S25+ со Exynos 2500 чип.

Сега, на Geekbench се појави интернационалниот модел на телефонот Galaxy S25, кој користи чип Snapdragon 8 Elite. Ова повторно ја разгорува лавината гласини дека целата серија S25 ќе користи само Snapdragon процесор.

Интернационалниот Samsung Galaxy S25 се појави на Geekbench како модел со кодно име SM-S931B. Телефонот работи со Android 15 и има 12 GB RAM.

Серијата Samsung Galaxy S25 треба да биде лансирана на крајот на јануари, а се очекува да ги вклучи моделите S25, S25+ и S25 Ultra, како и Galaxy S25 Slim, за кој постојат шпекулации.