Оваа година Apple конечно ќе го претстави освежениот iPhone SE за кој многу слушавме во изминатите месеци.

Се верува дека новиот iPhone SE ќе има чипсет A18, 8GB RAM за поддршка на функциите на Apple Intelligence, 6,06-инчен OLED екран, главна камера од 48MP и селфи сензор од 12MP.

Кога станува збор за дизајнот, се очекува да личи на iPhone 14, вклучувајќи и исечок за предната камера и Face ID сензори.

Гласините посочуваат дека iPhone SE 2025 треба да ги позајми чипсетот, количината на меморија и главната камера од моделот iPhone 16 и дека корисниците што ќе ги привлече нема да обрнуваат премногу внимание на широката рамка околу екранот и недостатокот на ултра широка камера.