Екраните најверојатно ќе се користат за прикажување на известувања и одговори кои доаѓаат од виртуелниот асистент.

Изгледа дека Мета се подготвува да додаде диплеј во својата популарна линија на паметни очила Ray-Ban, според Фајненшл тајмс.

Овие екрани би можеле да бидат прикажани во идните верзии на уредот, веќе во текот на оваа година. Можна имплементација на оваа надградба е втората половина на 2025 година.

Според извори со увид во плановите на Мета, екранот ќе биде помал по големина и најверојатно ќе се користи за прикажување на известувања или одговори од виртуелниот асистент со вештачка интелигенција на Мета. Засега не се верува дека Мета од овие очила ќе направи вистински уред за мешана реалност.

Ray-Ban паметните очила се неочекуван успех за Мета. Според многуте реакции на корисниците и експертите, тие изгледаат одлично и нудат респектабилни перформанси.

Актуелниот модел вклучува и слушалки за во уво, камери, микрофони и пристап до виртуелниот асистент на Meta.