Услугата ChatGPT, на компанијата OpenAI, сега е достапна и во WhatsApp.

Корисниците сега можат да додадат 1 (800) CHAT-GPT на списокот со контакти на WhatsApp ако сакаат да го користат четботот ChatGPT во апликацијата за пораки на Мета.

Во оваа верзија, ChatGPT е ограничен само на внесување текст, така што нема Advanced Voice Mode или визуелен влез, но сите опции за AI на моделот ChatGPT o1-mini сè уште се таму.

WhatsApp ChatGPT сега е достапен насекаде каде што OpenAI го нуди својот chatbot, а на корисникот не му треба сметка. OpenAI работи на овозможување начин за постојните корисници да бидат потврдени преку WhatsApp, но не е објавена временска рамка кога таа опција би можела да стане достапна.

Дополнително, корисниците во САД имаат достапна опција за телефонска линија ChatGPT, а обезбедени се и 15 минути бесплатно користење на ChatGPT преку телефонската линија.

„Само што започнавме со акцијата за да го направиме ChatGPT подостапен за секого“, истакна Хевин Веил – главен директор за производи во OpenAI.