ЕУ потпиша договор за лансирање на интернет сателит во орбитата на Земјата.
Европската унија потпиша договор вреден 10,6 милијарди евра за лансирање на речиси 300 сателити во ниската и средната орбита на Земјата до 2030 година и создавање инфраструктура за конкурентскиот систем на Starlink на американскиот милијардер Илон Маск.
Брисел сака да го подобри својот дигитален суверенитет со помош на вселенската технологија и да обезбеди сигурна комуникација за владите на ЕУ, пренесува Tech Crunch.
Проектот Ирис (Инфраструктура за отпорност, интерконекција и безбедност преку сателит), првпат објавен во 2022 година, е јавно-приватно партнерство чија првична проценка на трошоците скокна за 76 отсто во текот на преговарачкиот процес.
Програмата за лансирање на сателити ќе се финансира со 61 отсто народни пари, додека остатокот од средствата ќе ги обезбеди конзорциумот SpaceRise, кој обединува три големи европски компании – SES, Eutelsat и Hispasat.
Сателитскиот систем Starlink во сопственост на Илон Маск веќе има околу 6.000 сателити во орбитата на Земјата и неодамна ја премина границата од четири милиони претплатници.