Иако повеќето iPhone телефони се произведуваат во истите кинески фабрики, Apple мора да го менува својот хардвер во зависност од владите на различни земји.
Знаејќи од каде доаѓа вашиот iPhone ќе ви помогне да одредите што можете, а што не можете да правите со вашиот уред (на пример, дали поддржува двојни SIM-картички или не).
Исто така, оваа информација може да биде корисна за проверка кога купувате користен уред.
Како да дознаете од каде доаѓа вашиот iPhone?
За да дознаете за која земја е направен вашиот iPhone, треба да го направите следново:
Отворете Settings. Куцнете General, потоа About. До Model Number ќе видите буква или повеќе на крајот од коса црта.
Секоја буква или комбинација од нив означува земја. Еве список на кодови на производители на Apple:
A – Канада
AB – Египет, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ
B – Ирска, Велика Британија
BG – Бугарија
BR – Бразил (составен во Бразил)
BT – Обединетото Кралство
BZ – Бразил (составен во Кина)
C, CL – Канада
CH – Кина
CI – Парагвај
CM – Хрватска, Унгарија
CR – Хрватска
CS – Чешка, Словачка
CN – Словачка
CZ – Чешка
D, DM – Германија
DN – Австрија, Германија, Холандија
E – Мексико
EE – Естонија
EL – Естонија, Латвија
ER – Ирска
ET – Естонија
F – Франција
FB – Франција, Луксембург
FD – Австрија, Лихтенштајн, Швајцарија
FS – Финска
GB – Грција
GH – Унгарија
GP – Португалија
GR – Грција
HB – Израел
HC – Унгарија, Бугарија
HN – Индија
IP – Италија
J, JP – Јапонија
IP – Италија, Португалија
ID – Индонезија
K – Шведска
KH – Кина, Јужна Кореја
KN – Данска, Норвешка
KS – Финска, Шведска
LA – Барбадос, Доминиканска Република, Колумбија, Костарика, Еквадор, Салвадор, Гватемала, Хондурас, Никарагва, Панама, Перу, Порторико
LE – Аргентина
LL – САД
LP – Полска
LT – Литванија
LV – Латвија
LZ – Чиле, Парагвај, Уругвај
MG – Унгарија
MM – Албанија, Македонија, Црна Гора
MOJ – Малезија
ND – Холандија
NF – Белгија, Франција, Луксембург, Португалија
PK – Полска, Финска
PL, PM – Полска
PO – Португалија
PP – Република Филипини
PY – Шпанија
QB – Русија
QN – Данска, Исланд, Норвешка, Шведска
QL – Италија, Португалија, Шпанија
RO – Романија
RP – Русија
RR – Молдавија, Русија
RS, RU – Русија
RM – Казахстан, Русија
RK – Казахстан
SE – Србија
SL – Словачка
SO – Јужна Африка
SU – Украина
T – Италија
TA – Тајван
TH – Тајланд
TU – Турција
TY – Италија
VN – Виетнам
X – Австралија, Нов Зеланд
Y – Шпанија
ZA – Сингапур
ZD – Австрија, Белгија, Франција, Германија, Луксембург, Монако, Холандија, Швајцарија
ZG – Данска
ZO – Обединето Кралство
ZP – Хонг Конг, Макао
ZQ – Јамајка
Сите модели на iPhone што се продаваат преку Apple и неговите различни овластени препродавачи треба да поминат тестирање за квалитет.
Гаранција ќе има и уред купен од официјални продавници, без разлика каде е произведен, пишува Make Use Of.
Поврзани артикли