Корисниците кои имаат пристап до новата функција се дел од бета тестот Phone by Google и користат телефони Pixel.
Една од функциите за вештачка интелигенција на Gemini, која Google ја објави претходно оваа година, е решение кое се бори против лажните телефонски повици.
Функцијата има можност да открие дали се работи за сомнителен повик додека е сеуште активен и да го предупреди корисникот за тоа, за да може што побрзо да ја прекине врската.
Откривањето измами со телефони во живо во моментов е достапно за Pixel 6 и поновите телефони, за корисници кои се дел од јавната бета-програма Phone by Google на англиски јазик.
Опцијата Scam Detection е стандардно оневозможена, а на корисникот му е дадена опција да ја активира или не.
Google не соопшти кога споменатата функција ќе излезе од бета тестирањето и кога ќе стане достапна на повеќе уреди со Android.
Поврзани артикли