Откажувањата на Нетфликс се зголемија во САД откако Рид Хестингс, основачот на услугата, ја поддржа Камала Харис за претседател.
Харис е кандидат на Демократската партија, а на претстојните претседателски избори ќе се бори против Доналд Трамп, претставникот на Републиканската партија.
Новите податоци покажуваат дека стапките на отпишување се речиси трипати зголемени откако Хестингс ја поддржа Камала Харис на Твитер (X), а потоа рече дека донирал 7 милиони долари за нејзината кампања.
Поддржувачите на Трамп на ова одговорија со бран отстапувања од платформата, па 26 јули, три дена откако донацијата на Хестингс стана јавна, беше најлошиот ден во годината за Нетфликс, покажуваат податоците на истражувачката компанија „Антена“.
Нетфликс и Хестингс не го коментираа овој случај, а тешко е да се каже дали и какво влијание ќе има ова зголемување на откажувањата на претплатите во блиска иднина.