Јапонија е блиску до голем скок во суперкомпјутерите бидејќи планира да изгради „чудовиште“ наречено Fugaku Next.
Станува збор за суперкомпјутер од класата zetta кој ќе биде илјада пати побрз од денешните системи. Оваа напредна машина ќе биде прва од ваков вид, способна да работи со zettaFLOPS брзини. Зборуваме за неверојатна брзина на ниво на секстилиони операции со децимална точка (floating point) во секунда.
Проектот Fugaku Next е одобрен од јапонското Министерство за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT), кое одвои буџет од 780 милиони долари.
Како што пренесува Nikkei, изградбата треба да започне во 2025 година, а суперкомпјутерот се очекува да биде целосно оперативен до 2030 година. На крајот ќе преземе некои задачи од постоечкиот суперкомпјутер Fugaku, но ќе обезбеди многу поголема процесорска моќ.
Работењето со пресметки со вештачка интелигенција, особено кога станува збор за генеративни алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT, е многу тежок процес и може да биде една од клучните области каде Fugaku Next блеска, според официјалните информации за проектот објавени од MEXT.
Fugaku Next ветува дека ќе го продолжи наследството на својот претходник, суперкомпјутерот Fugaku, кој веќе е еден од најбрзите во светот. Суперкомпјутери како Fugaku се користат за различни научно-истражувачки цели, од моделирање на климата на Земјата до симулирање на мисии во длабоката вселена.
Поврзани артикли