Дали некогаш сте размислувале колку е тешко за потенцијалните крадци да го погодат ПИН-от на вашата картичка? Ако не сте, еве една интересна студија за најчестите комбинации.
Автор на ова истражување е Ник Бери од компанијата Data Genetics, а резултатите покажуваат дека најчестиот ПИН во светот се уште е „1234“, но има и други комбинации кои се многу чести, а можеби не ви текнало.
Сајбер-криминалците немаат лесна работа кога сакаат да ограбат некого и да го откријат неговиот ПИН, но луѓето кои користат некои од овие вообичаени комбинации многу им го олеснуваат животот.
Како што вели Бери, веќе е добро познато дека не е паметно да се користат датуми на раѓање или исти четири броеви како PIN комбинации. Сепак, многумина го прават токму тоа.
За истражување користел 3,4 милиони PIN комбинации кои протекоа на интернет, односно се најдени на различни форуми по хакерски напади.
Како што рековме, „1234“ е најчестиот ПИН (сочинува 11% од сите комбинации), а потоа следат „1111“, „0000“ и „1212“. Топ 10 се пополнува и со следните комбинации: „7777“, „1004“, „2000“, „4444“, „2222“ и „6969“.
Бери направи и листа на најретко користените комбинации – така што според ова, вие сте прилично безбедни за користење на „8068“ бидејќи тој PIN бил користен само во 25 од 3,4 милиони анализирани случаи. Некои други ретки комбинации се: „8093“, „8398“, 7638“, „8428“ и „8285“.
Во спротивно, безбедносните експерти советуваат периодично да го менувате вашиот PIN за да ја намалите можноста за злоупотреба.