Apple неодамна ја објави серијата iPhone 16, а додека впечатоците се уште не се смирени, на пролет би можел да не чека уште еден телефон од оваа компанија.
Тоа е iPhone SE 4, а кога ќе излезе ќе биде првиот нов iPhone SE по неколку години, а во исто време веројатно ќе ја претставува и најголемата дизајнерска промена во ова семејство досега.
Секој iPhone SE имаше ист дизајн како и iPhone 8, вклучувајќи 4,7-инчен екран, заоблени рабови и копче Home. Сепак, се чини дека iPhone SE 4 ќе ја промени оваа шема.
iPhone SE 4 треба да има дизајн како iPhone 14, со дијагонален екран од 6,1 инчи, прави рабови, а се планира да има и Face ID, објави специјализираната веб-страница 9to5Mac.
Се очекува, сепак, да се разликува од варијантата на iPhone 14 по тоа што ќе има само една камера наместо две, но најверојатно би требало да има копче Action.
Се очекува да има и USB-C полнач, но и да поддржува iPhone Apple Intelligence, најверојатно благодарение на чипот A18. Цената се уште не е позната, но се верува дека во САД би требало да чини околу 500 долари.
Поврзани артикли