Дали знаете кое е најомразеното видео на платформата YouTube?
YouTube веќе неколку години не го покажува бројот на дислајкови, но со години неславен „носител“ на титулата најомразен видео беше спотот на Џастин Бибер и Лудакрис за песната Baby.
Сепак, од 2018 година, работите се променија. Видеото со најмногу дислајкови, иронично, го направи токму YouTube.
Клипот се вика: „YouTube Rewind 2018: Everyone Controls Rewind“, а целта беше да се сумираат сите најважни моменти од платформата во 2018 година во еден клип.
Сепак, нешто очигледно тргна наопаку, бидејќи за само една недела доби 10 милиони дислајкови, а денес (како што се гледа со помош на одредени додатоци) има околу 20 милиони дислајкови.
Претежно коментарите одеа во насока дека гледачите се незадоволителни бидејќи беа вклучени трендовите кои некогаш беа модерни, а беа исклучени некои од најпопуларните јутјубери таа година.
По ова никогаш повеќе не го видовме копчето „Дислајк“, напиша еден корисник на YouTube.
Поврзани артикли