Колку е важно да се избере силна лозинка речиси на сите им е јасно. Ако знаете што прво ќе се обидат да внесат хакерите како лозинка, тогаш тоа треба да го избегнете по секоја цена.
Ако користите една од овие лозинки, вие сте лесна цел за хакерите.
Најчеста лозинка е 123456, според Nord Security, компанија која создава производи за сајбер безбедност, пишува Reader’s Digest.
„Во изминатите пет години, 123456 беше рангирана како најчеста лозинка во светот“, вели Гедиминас Бренциус, менаџер за производи во NordPass.
50 најчести лозинки
Во случај да ви треба уште малку мотивација за да ги промените вашите лозинки, размислете за овој факт: Според Бренциус, 70 проценти од лозинките на најновата листа на лозинки на NordPass можат да бидат пробиени за помалку од секунда.
Најновата листа на лозинки од NordPass ги рангира овие како најчести во светот: 123456, admin, 12345678, 123456789, 1234, 12345, password, 123, Aa123456, 1234567890, 1234567, 123123, 111111, Password, 12345678910, 000000, admin123, 1111, P@ssw0rd, root, 654321, qwerty, Pass@123, 112233, 102030, ubnt, abc123, Aa@123456, abcd1234, 1q2w3e4r, 123321, qwertyuiop, 87654321, 987654321, Eliska81, 123123123, 11223344, 0987654321, demo, 12341234, qwerty123, Admin@123, 1q2w3e4r5t, 11111111, pass, Demo@123, azerty, admintelecom, Admin, 123meklozed.